Разочараниот лик на Дончиќ стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Далас маверикс по цели 294 дена повторно играше меч од регуларната сезона во својата сала, но не ја повторија играта од гостувањето кај ЛА Клиперс, кога силниот тим го совладаа со 51 поен разлика, туку тотално потфрлија и загубија од Шарлот хорнетс со 99-118.

Најразочаран од случувањата на теренот беше Лука Дончиќ, кој за 27 минути игра даде само 12 поени и имаше пет асистенции и два скока, а имаше и два „бунари“ од петте неуспешни обиди за тројка. По завршувањето на третата четвртина, Далас имаше негатива од 27 поени разлика, а една минута претходно, при минус 31 на Дивите телиња, камерите го фатија Дончиќ како седи на клупата во шок и незадоволно врти со главата.

Со Дончиќ на теренот, Далас беше во негатива од 27 поени разлика, што значи дека тимот играл малку подобро додека Лука бил на клупата. На Словенецот не му се веруваше што се случува, неговиот израз на лицето стана хит на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести