Разочараниот Ван Дајк удри по соиграчите: „Ова не смеевме да дозволиме да се случи“ (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул пропуштија голема шанса да останат осамени на врвот од Премиер лигата и одиграа само 2-2 на гостувањето кај Манчестер јунајтед. Црвените од „Енфилд“ имаа комплетна доминација во првото полувреме, имаа водство од 0-1, кое според играта и шансите требаше да биде и повисоко, а домашните фудбалери во првите 45 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Во второто полувреме, Манчестер јунајтед ги искористи грешките на Ливерпул и направи пресврт, па Мохамед Салах од пенал спасуваше бод за гостите. Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше разочаран од резултатот и не пропушти да ги искритикува своите соиграчи за грешките.

„Очигледно ова повторно е по наша вина. Моравме да водиме со 2-0 на полувремето. Имавме се под контрола и навистина е штета. Се чувствувам како сме загубиле. Промашивме многу шанси и ги вративме во живот. Индивидуалните грешки се дел од играта, но имавме доволно време да ги исправиме“, рече Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести