Разочарување за навивачите на Партизан во Македонија

Дисциплинската комисија на УЕФА ја одби жалбата на Партизан по повод суспензијата од два меча играње без публика, заработена по дуелот со Малатијаспор од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Партизан е казнет за расистички навреди кон фудбалерот Мичел Доналд и за истакнување на келтски крст на трибините. Партизан веќе играше пред празни трибини против Молде, а сега ќе треба да игра во тишина и против АЗ Алкмар. Ова е лоша вест и за фановите на белградскиот клуб кои ги има во Македонија и кои редовно ги посетуваат поважните мечеви.

Играњето без публика значи губење на приходи од околу 500.000 евра. За утеха, со публика ќе може Партизан да игра против Манчестер јунајтед, кога ќе имаат прилика да го наполнат стадионот и да заработат добро.

 

- Оглас -

Најнови вести