Разрешениот Милошевиќ го пречека новиот тренер на Партизан

Партизан по вторпат го врати Александар Станојевиќ на клупата, откако претходно ја прекина соработката со тренерот Саво Милошевиќ.

Црно-белите пред два дена го претрпеа вториот пораз во српскиот шампионат, во мечот против Војводина Милошевиќ ја загуби контролата на емоциите и фрли со шише кон еден од судиите.

Таквото однесување е неприфатливо и од самиот Милошевиќ, по што реши да отстапи од тренерската позиција по една и пол година работа во Партизан. Станојевиќ во просториите на белградскиот гигант беше пречекан токму од разрешениот Милошевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести