Домино-ефектот со одложување на спортските натпревари во Европа продолжи, а СЕХА-лигата донесе одлука да се пролонгира и реванш-мечот од четвртфиналето меѓу Вардар и Нексе на неодредено време.
Требаше да се игра во недела, на 15. март, во салата „Јане Сандански“, но Вардарци и гостите од Хрватска ќе мора да почекаат подобри времиња и нов датум за да го одиграат реваншот што ќе реши која екипа ќе игра на Ф4 турнирот во Задар.
Првиот меч го доби Вардар со 31:30, а во ваква ситуација неизвесно е и одржување на завршниот турнир за титулата на која ќе учествуваат четирите најдобри екипи во регионалното натпреварување.
Фајналфор-турнирот треба да се игра во Задар од 3 до 5 април, но сега и тоа е неизвесно поради Коронавирусот.