Реакција по казните за тепачката во Мадрид: Недостасува оној кој го започна хаосот

Дисциплинската комисија на Евролигата неполни 24 часа по срамната тепачка во Мадрид поради која предвреме заврши мечот од плејофот меѓу Реал и Партизан, ја донесе одлуката и неа не ја чекаа само кошаркарите на двата тима, туку и останатите учесници во елитното натпреварување.

Веднаш откако се дозна дека кошаркарите на Реал Мадрид Гершон Јабуселе и Габриел Дек, се суспендирани на пет, односно на еден меч, а играчите на Партизан, Кевин Пантер и Матијас Лесор ќе се ладат на два, односно на еден натпревар, реакции пристигнуваат од речиси сите страни.

Меѓу првите кои се огласи на социјалните мрежи е кошаркарот на Макаби Тел Авив, Вејд Болдвин, кој е зачуден зошто не е суспендиран иницијаторот за тепачката, Серхио Љуљ. Љуљ со грубиот прекршок над Пантер, го предизвика хаосот.

„Уфф, недостасува еден. Тој што го започна целото ср*ње“, напиша Болдвин на својот профил на Твитер.

- Оглас -

Најнови вести