Реал бара одмазда: Леганес лани во јануари го елиминираше Кралскиот клуб

Монако – Рен (18:45 ч.)

Монако е на претпоследното место во првенството само со 13 бода од 16 меча и тешко дека нешто друго ќе го интересира освен да се обидат до крајот на сезоната да се спасат од испаѓање. Затоа овие мечеви од Купот сигурно ќе ги сметаат како „вишок“.

Рен има шест победи во низа во сите натпреварувања и е во одлична форма. Гостите негуваат офанзивен фудбал, па затоа често и даваат и примаат погодоци. На последните 12 меча Рен има постигнато барем по еден гол, што е предзнак дека ќе има погодоци и вечерва на стадионот „Луи Втори“ во Монако.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00) – Квота на денот во Sport Life

 

Манчестер сити – Бартон (20:45 ч.)

Третолигашот Бартон успеа да стигне до полуфиналето од Лига купот на Англија, но дефинитивно тоа ќе биде и последната станица за нив. Манчестер сити е ривалот кој треба да го елиминираат, и тоа по два одиграни меча. Да се работеше само за еден меч, може и да постои некаква шанса за чудо, но кога се знае дека се играат две средби, тогаш „граѓаните“ веќе се гледаат во финалето.

Само пред три дена, Сити во меч од ФА купот против Ротерам победи со 7-0. Кога англискиот првак успеа да даде седум погодоци на второлигашка екипа, тогаш сигурно може да се очекува нова голеада и во Лига купот.

Предлог тип: Т12+I&1+II (2.05) – Квота на денот во Sport Life

 

ПСЖ – Генгам (21:05 ч.)

Кога играат првиот и последниот на табелата, тогаш победникот веќе е однапред познат. Овојпат ПСЖ и Генгам нема да играат во првенството, туку меч од Лига купот. „Светците“ пред три дена играа во Купот на Франција против петтолигашка екипа, а во нападот беа Нејмар и Килијан Мбапе.

На последните пет меѓусебни средби, секогаш имало меѓу 3-5 голови, а ПСЖ победил четири пати, додека само еден меч завршил нерешено (2-2), и тоа во минатата сезона на „Паркот на принцовите“.

Предлог тип: 1&3-5 (1.85) –  Квота на денот во Sport Life

 

Реал Мадрид – Леганес (21:30 ч.)

Реал Мадрид уште нема победа во 2019 година. Во двата меча кои Кралевите ги одиграа во првенството, имаат едно реми и пораз. Сега дојде ред на меч од Купот, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Интересно е што Реал и Леганес и ланскиот јануари играа во Купот, кога се случи и големо изненадување.

Првиот меч Леганес на свој терен го загуби со 0-1, но потоа во Мадрид победи со 2-1 и на неверување на многумина, успеа да го елиминира фаворитот. Овојпат Реал поучен од тоа што му се случи лани, но и фактот дека конечно сакаат да се израдуваат на победа, сигурно нема да го потценат ривалот.

Предлог тип: 1&2-4 (2.02)

 

Жирона – Атлетико Мадрид (19:30 ч.)

Домаќините четири средби немаат победа, а Атлетико Мадрид е во низа од 14 средби без пораз (девет победи и пет нерешени). „Јорганџиите“ се фаворити, но последните три меѓусебни дуели покажуваат дека Жирона е незгоден ривал и немало победник. Во тие три меча било возбудливо бидејќи две средби завршиле 2-2, а еден дуел бил со резултат 1-1.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести