Реал – Барселона нема да се гледа само во четири земји во светот

Дуелите на Реал Мадрид и Барселона се настани кои љубителите на фудбалот низ целиот свет, со нетрпение ги очекуваат, но нема да можат сите фанови низ светот да ги гледаат Ел Класико на телевизија. Дуелот на шпанските титани нема да се следи во Северна Кореја, Монголија, Папуа Нова Гвинеја, и Малта. Во сите други земји низ светот, има по некоја телевизија на која ќе се пренесува спектаклот.

Вечерашното Ел Класико ќе биде важна битка за титула, а во тимот на Реал за првпат после десет години, на меч против Барса ќе го нема капитенот Серхио Рамос. Ако победи домашниот тим, првпат после 43 години ќе има три победи по ред против најлутиот ривал. Откако си замина Кристијано Роналдо од Реал во 2018 година, Лионел Меси против Кралскиот клуб немал ни гол, ни асистенција.

Нерешен резултат најмногу му одговара на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести