Реал доби нов херој во човекот кој прв пат даде два гола во првенствен меч

Рафаел Варан одигра меч за памтење, постигнувајќи два гола за победа на Реал на гостувањето кај Уеска со 2:1. Францускиот репрезентативец на кого примарна цел му е да се грижи Реал да не прими гол, овојпат се покажа како џокер во нападот.

Уеска поведе со голот на Галан во 48 минута, но само неколку минути подоцна гостите израмнија. Карим Бензема изведе одличен слободен удар, топката заврши во пречката, а одбиената топка во мрежата ја смести Варан.

Дефанзивецот на Реал се најде на вистинското место во противничкиот шеснаесетник и во 84 минута кога повторно искористи една „отфрлена“ топка и од непосредна близина погоди за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Ова е прв пат Варан на еден натпревар да постигне два гола во првенството. Пред седум години имал постигнато два гола во Купот против Корнелија, но ова е прв пат тоа да го направи во шампионатот.

Реал има 43 бода и е на второто место на табелата, додека Уеска останува на дното на табелата со само 16 освоени бода во досегашниот дел од шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести