Реал досега потроши 317 милиони евра – Сега е време за продажба

Денес е денот кога Еден Азар за првпат ќе се појави на „Сантијаго Бернабеу“ во белиот дрес, за кого Реал му „искешира“ 100 милиони евра на Челзи, а уште 40 милиони евра ќе бидат исплатени преку бонуси. Засега Белгиецот е најголемото летно засилување на Кралевите, додека уште четири нови играчи во следната сезона ќе ја бранат честа на тринаесеткратниот европски првак.

Од претходно беа договорени преселбите на Едер Милитао (50 милиони евра) од Порто и младиот Родриго (54 милиони евра) од Сантос, додека вчера по претставувањето на Лука Јовиќ, претседателот Перес ја заврши работата и со ангажманот на левиот бек на Лион, Ферланд Менди. За него ќе бидат исплатени 48 милиони евра, додека трансферот на српскиот голгетер од редовите на Ајнтрахт Франкфурт вредеше 65 милиони евра.

За овие пет засилувања, Реал потроши вкупно 317 милиони евра, па сега Зидан и Перес имаат задача да ги ликвидираат непотребните играчи со цел да заработат околу 300 милиони евра за да бидат регуларни пред правилникот на ФФП. Се знае кој е прв на излезна врата. Реал очекува да заработи од продажбата на Герет Бејл, а е исклучена разделба со Начо, Иско и Асенсио и можеби Марсело.

Но, треба да се знае дека Кралевите нема да застанат на овие пет засилувања, се очекува најмалку уште еден „галактикос“, а од клубот притискаат за потписот на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести