Реал е подготвен три ѕвезди да ги пушти бесплатно

Како и најголемиот дел од европските гиганти, така и во Реал Мадрид постои финансиски проблем. Челниците на Кралевите побараа играчите да се откажат од 30 отсто од платите и од бонусите, но најголемиот дел од фудбалерите го одбија овој предлог.

Поради тоа, мора да се бара Б план за тоа како да се намалат трошоците кои клубот ги има кон играчите. Според весникот „Марка“, Реал ќе се откаже од тројца фудбалери за кои на годишно ниво плаќа 40 милиони евра. Се работи за Герет Бејл, Марсело и Иско, чии договори се до јуни 2022 година, но од Реал се подготвени да ги пуштат и ова лето како слободни играчи.

Доколку Бејл, Марсело и Иско си заминат од „Сантијаго Бернабеу“, клубот ќе заштеди 40 милиони евра само на основ на плати.

 

- Оглас -

Најнови вести