Реал го испрати Леганес во вториот ранг, Гранада и Сосиедад заедно со Вилјареал во ЛЕ

Реал Мадрид го испрати Леганес во Втората лига на Шпанија по ремито од 2-2 во мечот од последното коло од Ла Лига. Головите на Рамос во деветтата и на Асенсио во 52-рата минута не беа доволни за Кралевите да ја остварат 11-тата победа во низа по рестартот на сезоната.

Леганес ја заврши сезоната со 36 бода на 18-тото место, опстанокот им беше оддалечен за една победа. Заедно со Леганес во понискиот ранг се сели и Мајорка на Александар Трајковски, која ремизираше против Осасуна со 2-2.

Севилја со минимални 1-0 ја совлада Валенсија и ги спречи Лилјаците во битката за пласман во европските натпреваруња. Валенсија заврши на деветтото место со 53 бода. Европски излез испушти и Хетафе откако загуби од Леванте со 1-0. Севилја како четврта во шампионатот ќе игра во Лигата на шампионите.

Гранада беше убедлива против Атлетик Билбао со 4-0 и како шестопласирана екипа следната сезона ќе игра во Лигата на Европа. Заедно со Гранада во второто европско натпреварување ќе играат и Вилјареал и  Реал Сосиедад, кој ремизираше против Атлетико Мадрид со 1-1.

Резултати 38-мо коло во Ла Лига:

Алавес 0-5 Барселона, Валјадолид 2-0 Бетис, Вилјареал 4-0 Ејбар, Атлетико Мадрид 1-1 Реал Сосиедад, Еспањол 0-0 Селта Виго, Гранада 4-0 Атлетик Билбао, Леганес 2-2 Реал Мадрид, Леванте 1-0 Хетафе, Осасуна 2-2 Мајорка, Севилја 1-0 Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести