Реал го потврди заминувањето на Зидан

Реал Мадрид преку соопштение потврди дека Зинедин Зидан повеќе не е тренер на првиот тим. Разделбата меѓу двете страни се случи по неуспешната сезона без освоен трофеј, по што ова е одлука на францускиот стратег да го ослободи тренерското столче.

„Потврдуваме дека Зинедин Зидан одлучи да прекине со водењето на нашиот прв тим. Ја почитуваме неговата одлука и сакаме да му се заблагодариме за неговиот професионализам и посветеност кон овој клуб во изминативе години. Зидан е една од најголемите легенди на Реал Мадрид и секогаш ќе биде добредојден“, пишува во соопштението на Кралевите.

Останува да се види на кого ќе му припадне работата на „Сантијаго Бернабеу“ која треба набрзо да биде пополнета. Се шпекулира дека Макс Алегри веќе е договорен, а што се однесува до Зидан, тој е еден од кандидатите за преземање на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести