Реал го пушти во продажба дресот на Мбапе и предизвика шопинг лудило: Се продадоа сите и за дрес ќе се чека еден месец

Француската ѕвезда Килијан Мбапе на 16 јули ќе биде официјално претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид, а клубот од денеска ги пушти во продажба дресовите со број „9“ и презимето на Французинот. Тоа предизвика вистински хаос и навивачко шопинг-лудило.

Сите сакаат да го имаа меѓу првите дресот на новата ѕвезда на Реал Мадрид, интересот е невиден досега и веќе е распродаден првиот контингент. Доколку сега сакате да купите дрес од Мбапе, ќе мора да чекате за испорака повеќе од четири седмици.

Инаку, дресот на Килијан Мбапе во официјалните фан-шоп продавници на Реал Мадрид може да се најде по цена која не е помала од 120 евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести