Реал Мадрид својата победничка серија против лутиот ривал Барселона ја зголеми на четири меча по ред, откако попладнево на „Камп Ноу“ славеше со 2-1. Првиот гол го даде Давид Алаба кој во кариерата има четири меча против Барса, и четири победи. Лукас Васкес во финишот ги реши сите дилеми, а длабоко во судиското продолжение Серхио Агуеро ги израдува сите кои ја типувале ГГ и 3+.
Барселона три години не знае за победа над Реал, а на трибините имаше 86.000 гледачи, што е најслаба посета на „Ел Класико“ од 1993 година наваму.
https://www.youtube.com/watch?v=O-IHrVX7o6A