Реал и Сити рутински до четвртфиналето на Лигата на шампионите (видео)

Реал Мадрид и Манчестер сити се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите по вечерашните победи со 3-1 над Аталанта, односно 2-0 против Борусија Менхенгладбах.

Останаа уште две места во топ 8 фазата, кои ќе се пополнат утре со дуелите Баерн Минхен – Лацио и Челзи – Атлетико Мадрид, а Граѓаните и Кралевите им се приклучија на ПСЖ, Порто, Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Екипата на Зидан на стартот од мечот против Аталанта наиде на проблеми, откако гостите од Бергамо притиснаа брзо да ја анулираат негативата од првата пресметка. Куртоа во втората минута не дозволи изненадување, по што Реал на искуство успеа да го добие мечот.

Голема грешка направи Спортиело во првото полувреме со која им подари важен гол на домаќините, а реализира Бензема за 70-ти погодок во ЛШ во кариерата.

По точно еден час игра, Винисиус изнуди најстрога казна во корист на Реал, а од белата точка неприкосновен беше капитенот Рамос.

https://streamable.com/b4qvdo

Кога победникот беше решен, Муриел со мајсторија од слободен удар во 83-тата минута заби почесен гол за Божицата, а само неколку минути подоцна Асенсио го одбележа своето влегување во игра со поставување на конечните 3-1.

https://twitter.com/scoredgoalss/status/1371939783153434626

Манчестер сити по само 18 минути игра си ја заврши работата и рутински славеше со 2-0 против Менхенгладбах, што беше идентичен резултат од првата пресметка.

Голгетерско шоу во само шест минути имаа Де Бројне и Гундоган, прво капитенот на Граѓаните изведе бравува во 12-тата минута, а потоа Германецот го постави конечниот резултат во фуриозен контранапад.

Домаќините имаа уште неколку шанси за поубедлива победа, во серија промашуваа Марез и Де Бројне, а Емболо пропушти прилика да го ублажи поразот на Гладбах.

- Оглас -

Најнови вести