Торпедирање во најава: Де Бројне отвори со проектил, Гундоган експресно зголеми на 2-0 (видео)

Иако Манчестер сити заврши поголем дел од работата во првиот меч против Менхенгладбах, тимот на Пеп Гвардила сака во голем стил да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Головите на Де Бројне во 12-тата и Гундоган во 18-тата минута се најава дека на „Пушкаш арената“ Будимпешта ќе има фешта со многу погодоци.

Капитенот на Сити иако шутна со послабата лева нога, испрати беспрекорен проектил и го совлада Сомер, а Гундоган искористи мат-позиција за двојна предност по фуриозниот контранапад на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести