Реал и Сити треба да продолжат таму каде што застанаа минатата сезона

6002 Реал Мадрид – Манчестер сити (21.00 часот)

Ова е реприза од минатогодинешното полуфинале во ЛШ во кое Кралевите излегоа како победници и подоцна преку Ливерпул ја освоија титулата. Минатата сезона, двата натпревари беа ефикасни, 4:3 беше во Манчестер и 2:1 во Мадрид, за Кралевите во продолженијата да постигнат уште еден гол и да обезбедат пласман во финалето.
Во одлучувачкиот дел од сезоната, Кралевите играат во одлична форма, на последните 12 меча во сите натпреварувања постигнаа најмалку два гола. Манчестер сити исто така игра одлично, а настапот на неверојатниот Ерлинг Халанд кој ги собори сите голгетерски рекорди во Премиер лигата, е гаранција дека и вечерва ќе има голови.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.99)

 

2703 КТП – ХЈК Хелсинки (17.00 часот)

Во финскиот шампионат се знае кој е главен фаворит за титулата, ХЈК Хелсински, кој одлично ја започна и новата сезона. ХЈК е лидер на табелата со 13 освоени бодови во шест меча и е фаворит против КТП кој во пет меча има само една победа. Последните шест меѓусебни натпревари завршија со победа на ХЈК Хелсинки, кој згора на тоа нема пораз во историјата од КТП.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.00)

 

2601 Хамарби– Мјалби (19.00 часот)

Хамарби и Мјалби годинава веќе одиграа еден натпревар, во шведскиот куп и славеше гостинот со минимални 1:0. По шест одиграни кола, двата тима се наоѓаат на средина од табелата и имаат по две победи. Хамарби и Мјалби досега меѓу себе играле само 10 пати и на само два натпревари не биле постигнати повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

4137 Шенжен – Шангај шенхуа (19.00 часот)

Минатиот месец започна и кинеската Супер лига и по пет кола, Шангај шенхуа е лидер на табелата со 13 освоени бодови од можни 15. Интересно е што сите четири победи, Шанхај ги оствари со идентичен резултат 1:0 и по пет кола има гол разлика 5:1. Шенжен во пет меча оствари само еден триумф. На последните пет меѓусебни средби, дури три завршија со најнепопуларниот резултат.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.22)

 

2621 Ландскрона – Хелсинборг (19.00 часот)

Ова е дуел од втората шведска лига во кој домаќинот ја има фаворитската улога. Ландскрона оствари две победи во првите пет кола, додека Хелсинборг само еднаш се радуваше, и тоа на последниот меч. Во новата сезона, на десетте натпревари што ги одиграа двата тима, само на еден беа постигнати повеќе од три гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести