Реал има уникатен начин како да го донесе Стерлинг на „Сантијаго Бернабеу“

Рахим Стерлинг веќе неколку сезони е меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец игра одлично, а сезонава даде 29 гола во 49 меча за Манчестер сити, а тоа е доволна препорака за Реал Мадрид никако да не се откаже од желбата да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Сите досегашни обиди на Реал беа неуспешни, но сега се отвора нова можност за Кралскиот клуб. На Стерлинг пред неколку дена му истече спонзорскиот договор со „Најки“ и реши да потпише соработка со „Адидас“. Се работи за договор вреден 10 милиони евра на годишно ниво со спонзорот кој соработува и со Реал Мадрид.

Токму „Адидас“ може да посредува во евентуалниот трансфер на Стерлинг од Сити во Реал Мадрид, пишува угледниот англиски весник „Тајмс“. Граѓаните не сакаат едноставно да се откажат од еден од најдобрите играчи, па откупната клаузула на голгетерот е 128 милиони евра. Стерлинг има договор со Сити до 2023 година, што значи дека англискиот тим не е под притисок да брка нова соработка со фудбалерот за да не го загуби за многу помала сума.

 

- Оглас -

Најнови вести