Реал ја победи Барса и го освои првиот трофеј сезонава

Кошаркарите на Реал Мадрид се освојувачи на шпанскиот Суперкуп откако славеа во дуелот со вечниот ривал Барселона, 89:79. Првата чевртина беше израмнета. Барселона започна со 6:0, но потоа Кралевите возвратија со 8:0 и го презедоа водството. По првите 10 минути беше 21:20 за Реал.

Втората четвртина може да се каже дека беше клучна. Реал играше одлично, во еден момент поведе и со 18 разлика, а на полувремето замина со предност од 15 поени (48:33). Највисоката предност за мадридскиот тим беше 19 поени на почетокот на третата четвртина, но Барселона не се предаде и во пресрет на последните 10 минути стигна до пристојни шест поени негатива 69:63.

Сепак, искусните играчи на Реал во последната четвртина успеаја да ја сочуваат предноста и на крајот да се израдуваат на првиот трофеј во новата сезона. Кампацо со 16 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид, додека прв стрелец на мечот беше играчот на Барселона, Брандон Дејвис со 23 поени за 25 минути поминати на теренот.

- Оглас -

Најнови вести