Реал кога губи, Тотенхем се плаши

Во Тотенхем повторно се загрижени за можното заминување на Маурисио Покетино, а според англиските медиуми, тој веќе ги известил сопствениците дека сака да си замине.

По секој пораз или криза на Реал Мадрид, се вртат истите шпекулации дека Покетино од ова лето ќе биде новиот кормилар на шпанскиот гигант.

Но, сега има и подлога бидејќи во разговор со Даниел Леви, Покетино најавил дека сака да си замине и да биде тренер на Реал Мадрид.

Аргентинскиот стручњак вели дека сака да освојува трофеи, нешто што не успева да го оствари со Тотенхем, иако клубот од Северен Лондон во последните неколку сезони е при врвот во Премиер лигата, но никако и да остане на него на крајот од некоја од сезоните.

Според англиските медиуми, Реал Мадрид е подготвен да плати околу 50 милиони евра како отштета за Тотенхем само за да го доведе Покетино на кормилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести