Реал купи играч за идната сезона, ќе плати 50 милиони евра

Реал Мадрид ќе ја плати отштетата од 50 милиони евра предвидена со клаузулата во договорот на Едер Милитао и Порто, а 21-годишниот стопер ќе почне да игра за шпанскиот гигант од почетокот на идната сезона.

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека веќе е постигнат договор, а и самиот играч се пофали дека се сели на „Сантијаго Бернабеу“.

Договорот ќе биде потпишан до 2025 година, а пет милиони евра од 50 што ќе ги добие Порто ќе му припаднат на Сао Пауло, претходниот клуб на Милитао.

Реал реагираше експресно со ангажманот на одличниот дефанзивец од Бразил бидејќи за него се интересираа и гигантите Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести