Вардар е во Топ 150 во историјата на ЛШ, на листата има уште седум македонски клубови

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е на 149-тото место на вечната листа на клубови кои биле дел од најелитното натпреварување на УЕФА, Лигата на шампионите, порано познато како Куп на европски шампиони. Во рангирањето на УЕФА се земени сите оние кои учествувале и во квалификациите на ЛШ и КЕШ, а таму Вардар е најдобар од сите македонски клубови.

Црвено-црните вкупно осум сезони биле дел од елитното натпреварување, а одиграле вкупно 24 меча. Вардар меѓу најдобрите во Европа има пет победи, осум нерешени и 11 порази со гол-разлика 30 дадени и 40 примени гола и вкупно освоени 18 поени.

Од македонските клубови, зад Вардар следува Работнички, кој е на 188-мото место на листата со 14 одиграни меча (три победи, шест реми и пет порази), во кои има освоено 12 бодови и гол-разлика 15 дадени и 13 примени гола.

Тетовска Шкендија е на 258-мото место на оваа листа, а од од македонските клубови ги има уште и Слога Југомагнат на 303-тото место, Силекс 351, Победа 389, Македонија Ѓорче Петров 480 и Ренова на 489-тото место на вечната листа на УЕФА за клубовите кои биле дел од ЛШ.

На листата вкупно има 526 клубови, а кога се работи за врвот, таму неприкосновен е 13-кратниот европски првак Реал Мадрид пред Баерн Минхен и Барселона. Во Топ 10 на сите времиња се и Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс. Од балканските клубови, најдобро рангиран е некогашниот европски првак Црвена ѕвезда, кој е на 21-вото место на листата.

Комплетната листа на УЕФА може да ја видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести