Иако уште не се знае дали оваа сезона ќе биде завршена, Реал Мадрид веќе се подготвува за следната 2020/21. Според некои сајтови, веќе е познат дизајнот на дресот на Кралскиот клуб за следната сезона, кој повторно ќе биде израбоден од „Адидас“, а Флај Емиратс ќе биде главен спонзор на предниот дел од дресот.
Интересно е што дресовите на „Адидас“ се веќе видени и тоа како дел од аргентинската репрезентација. Деталот на дресот е на ракавите, кои треба да добијат „шарена боја“. Такви дресови „Адидас“ веќе има направено за аргентинската репрезентација, каде капитен е капитенот на Барселона, Лионел Меси.