Реал Мадрид и официјално се ослободи од најголемото трансфер-промашување во историјата

Реал Мадрид со официјално соопштение информира дека е постигнат договор за прекин на соработката со белгискиот репрезентативец Еден Азар.

Белгиецот имаше договор на уште една сезона со “кралевите“ и важеше за најголемо трансфер-промашување во историјата на Раел Мадрид. Според постигнатиот договор, клубот од Мадрид комплетно ќе му ја исплати последната година од договорот и фудбалерот ќе биде слободен да си бара нова средина.

https://twitter.com/realmadriden/status/1665065888435822593?s=20

Останува нејасно дали Азар ќе потпише за друг клуб или на 32 години ќе стави крај на својата кариера.

За потсетување, Еден Азар во 2019-тата година направи трасфер од Челзи во Реал Мадрид за 100 милиони евра и требаше да биде големо засилување за “кралскиот“ клуб, но тој не покажа ништо на теренот.

- Оглас -

Најнови вести