Реал Мадрид има ново словенечко чудо, 17-годишниот наследник на Дончиќ беше џокер во победата на ЦСКА

Кошаркарите на Реал Мадрид ја изненадија ЦСКА Москва со победа од 71-65. Победата на Кралскиот клуб е изненадувачка затоа што настапи само со пет сениори и четири „деца“, сите други се повредени или заразени од корона-вирус.

Еден од џокерите во тимот на Реал беше 17-годишниот Словенец Урбан Клавжар. Ова момче родено 2004 година играше 23 минути и даде 10 поени, со што беше трет стрелец кај Реал по Најџел Гос и Таварес. На Клавжар му претстои светла иднина, тој потсетува на Лука Дончиќ, кој исто така е дете на Реал.

- Оглас -

Најнови вести