Има многу шпекулации околу тоа кој ќе биде тренер на Реал Мадрид во следната сезона, а најновите информации се дека Кралскиот клуб има седум кандидати за преземање на функцијата, и името на новиот тренер ќе биде објавено пред 11-ти јуни кога стартува Светското првенство.
Реал сака што побрзо да договори тренер, затоа што ќе скаутираат можни засилувања меѓу фудбалерите кои ќе играат на Мундијалот.
Листата на потенцијални тренери на Реал ја предводи Јирген Клоп, а тука се и Жозе Мурињо, Лионел Скалони, Маурисио Покетино, Масимилијано Алегри, Дидие Дешан и Унаи Емери. Се шпекулира дека прв на листата на желби е Клоп, но тој уште не одлучил дали сака повторно да работи како тренер. Ако го направи тоа, од Реал веднаш ќе тргнат по него, а веројатно клучна улога во убедувањето ќе има Тони Крос кој ќе биде ангажиран во раководството на клубот од следната сезона.

