Реал Мадрид ја заврши соработка која вредеше 484 милиони евра

Еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот, Жорге Мендеш, веќе не е дел од Реал Мадрид. Соработката меѓу Мендеш и шпанскиот гигант траеше повеќе 13 години, а со заминувањето на Џејмс Родригес од „Сантијаго Бернабеу“, во кралскиот клуб нема ниту еден играч кој е под капата на овој менаџер.

Во изминативе 13 години, соработката меѓу Мендеш и Реал Мадрид беше вредна вкупно 484 милиони евра, пари колку што се „свртеа“ за фудбалерите кои ги застапува португалскиот менаџер. Соработката започна со доведувањето на Пепе од Порто за сума од 30 милиони евра, а последниот реализиран трансфер беше тој на Родригез, кога за 80 милиони евра исто така пристигна од Порто.

Најголемиот договор кој Мендеш и Реал го остварија се случи во 2009 година кога во Мадрид пристигна Кристијано Роналдо. Манчестер јунајтед за овој трансфер доби 96 милиони евра, а Роналдо во Реал испиша историја играјќи вкупно девет сезони.

Реал Мадрид потроши 298 милиони евра за играчи кои ги носеше Мендеш, но заработи 186 милиони евра кога ги продаваше. Најголемиот ќар го имаше кога го продадоа Роналдо за 100 милиони евра во Јувентус, додека за Анхел ди Марија заработија 80 милиони евра кога Аргентинецот направи трансфер во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести