Реал Мадрид ќе бара бришење на жолтиот картон на Каземиро

Судењето беше една од најкоментираните работи после синоќешниот натпревар помеѓу Аталанта и Реал Мадрид, кој заврши со победа на Шпанците од 1-0. Најпрвин на Фројлер му беше покажан црвен картон за кој многумина сметаат дека бил престрог, иако го спречи Менди да се најде очи во очи со голманот на Италијанците, а потоа во центарот на вниманието беа две ситуации во кои се најде Каземиро.

Каземиро доби жолт картон за една ситуација на средината на теренот во која можеби тој не направи никаков фаул, а потоа судијата се чини дека му прости втор жолт картон на Каземиро кога се обиде да одглуми пенал.

Иако синоќа не беше исклучен, Каземиро, сепак, нема да може да игра на реваншот поради акумулација на картони. Тој е клучен играч за Зинедин Зидан, па Кралскиот клуб се жали во УЕФА и бара картонот да биде избришан, со што Каземиро би можел да настапи на реваншот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести