Реал Мадрид ќе му „пресуди“ на Куман

Натпреварот против Реал Мадрид ќе биде одлучувачки за иднината на Роналд Куман во Барселона.

Холандскиот стратег, кој практично е пред отказ од каталонскиот клуб, имал состанок со претседателот Жоан Лапорта, по кој биле познати многу работи.

„Ел Класико“, кое се игра на 24 октомври, ќе биде пресудно за тоа дали Куман ќе остане предводник на каталонскиот тим, доколку, секако, претходно не разочараат против Валенсија и Динамо Киев, и двата на домашен терен.

Додека, пак, најголемото дерби во фудбалот е закажано за 20 дена со термин од 16:15 часот, а мечот се игра на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести