Реал Мадрид му посака добредојде назад на Чачо

Серхио Чачо Родригес и официјално е старо-нов член на Реал Мадрид. Искусниот шпански бек потпиша едногодишен договор со Кралевите каде се врати по шест години пауза.

Реал го смета за негов дом, со овој клуб освои 12 трофеи, па сега се врати да испише завршниот дел од неговата богата кошаркарска епоха, заедно со ветераните Руди Фернандес и Серхио Љуљ.

Изминативе шест години Родригес ги бранеше боите на Филаделфија сиксерс, ЦСКА Москва, Олимпија Милано. Кариерата ја почна во Естудијантес, а играше уште за Портланд, Сакраменто и Њујорк никс.

https://twitter.com/RMBaloncesto/status/1548974161707646976

- Оглас -

Најнови вести