Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ не бил толку инфериорен уште од 2010 година

Реал Мадрид загуби од Барселона во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија и Кралскиот клуб сега ќе има тешка задача во реваншот на „Камп ноу“ да брка победа и да обезбеди место во финалето.

Необичен беше мечот на „Сантијаго Бернабеу“, каде што домашните фудбалери имаа привидна иницијатива, но делуваа инфериорно. Иако домаќините шутираа 13 пати кон противничкиот гол, ниту еден шут на фудбалерите на Реал Мадрид не заврши во рамките на голот.

Статистиката покажува дека Реал на свој терен за првпат по речиси 13 години одигра меч во кој не упатил прецизен удар во рамките на противничкиот гол. Последен пат тоа се имаше случено во 2010 година на „Сантијаго Бернабеу“, а ако се гледаат Ел Класико дуелите, Реал за првпат по сезоната 2013/14 одигра дерби без да упати удар во рамките на голот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести