Реал Мадрид нема да дозволи нов домашен кикс против Партизан, ќе има голови на миланското дерби (Фото)

Пет предлози, од кои првиот е кошаркариски, а два се за полуфиналното миланско дерби, се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life.

Реал Мадрид нема да дозволи нов кикс на домашен терен против Партизан и овојпат ќе забележи победа за пласман на фајнлфор-турнир, но предлог е да одиграте и дека Реал ќе води и на полувремето. Победа на Кралскиот клуб на полувреме и крај ви носи квота од 2.10.

Првиот од двата предлози за натпреварот Милан – Интер е двојна шанса на условно домашната екипа и на натпреварот да бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Квотата за оваа игра е 2.55.

Вториот предлог за миланското дерби е со најголема квота во денешната понуда, дури 2.70. Овојпат предлогот е да одиграте двојна шанса на условно гостинската екипа, но и мечот да заврши гол-гол, односно двете екипи да постигнат погодок.

Понудата се затвора со два натпревари од бразилското првенство. Фламенго е голем фаворит протис Гојас и предлогот за овој натпревар е домашната екипа да постигне барем еден погодок во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. Квотата за оваа игра е 2.65.

И на вториот бразилски натпревар фаворит е домашната екипа. Палмеираш да победи и на натпреварот против Гремио да бидат постигнати најмалку три гола е предлогот за меч со квота од 2.45.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести