Реал Мадрид нуди двајца играчи за Дибала

Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Пауло Дибала во следниот преоден рок, најавува италијанскиот специјализиран фудбалски портал „Калчомеркато“. Според шпекулацијата, Реал за Аргентинецот е подготвен на Јуве да му ги понуди Винисиус и Иско.

Бразилецот е млад и има висока цена, повремено знае да блесне, но реализацијата му е слаба страна, а според снимката која се појави од полувремето на мечот Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид, не е баш омилен кај француските соиграчи. Карим Бензема бараше топката да не му се додава на Вини бидејќи играл „против Реал“. И самиот Бензема во второто полувреме немаше ниедно додавање кон Бразилецот. Иско е во многу лоша форма и за него нема место во формацијата 4-3-3 на Зидан.

Дибала не може да се наметне во Јуве како лидер, дури и кога Кристијано Роналдо не е на терен, па Јуве за него би прифатил некоја добра понуда. Интерес за него има и од Челзи, но понудата на Реал е подобра.

- Оглас -

Најнови вести