Реал Мадрид пресече – Кастилја џабе го чекаше Винисиус

Винисус де Оливеира јуниор денеска ќе игра за Реал Мадрид во последниот меч во сезоната во Ла Лига против Бетис, а одлуката на „кралскиот клуб“ што е донесена во последен момент ќе ги разочара сите во резервниот тим на гигантот, во Реал Мадрид Кастилја.

Големиот талент беше во плановите на Маноло Диаз како големо засилување за Кастилја во бараж дуелите за пласман во Втората шпанска лига, но конечната одлука е Винисуис да не игра за Реал Мадрид Б.

Бразилецот се повреди на реванш дуелот од Лигата на шампионите против Ајакс на 5. март и не играше два месеци. Се врати во ритам пред две кола и одигра вкупно 32 минути за Реал Мадрид на двата меча против Вилјареал и Реал Сосиедад.

Паузата беше една од причините селекторот на Бразил Тите да го изостави Винисиус од составот на „кариоките“ за Копа Америка, а челниците на Реал Мадрид и пред се Зинедин Зидан, сакаат 18-годишниот талент да има регуларен одмор и одлуката е тој да не настапи за Кастилја во бараж дуелите за влез во Сегунда, иако имаше и таква опција.

- Оглас -

Најнови вести