Реал Мадрид само еднаш загубил поубедливо во ЛШ од ова вечерва, а на тој меч и Анчелоти даде гол

Катастрофалниот пораз од 0-4 на гостувањето кај Манчестер сити е еден од петте најтешки порази на Реал Мадрид во елитното европско натпреварување.

Со истиот резултат Реал загуби од Ливерпул во 2009 година, но тоа беше осминафинале. Во 1965 и 1980 година, Реал има губено со по 1-5, а најубедлив пораз на Кралскиот клуб е оној од 0-5 против Милан во 1989 година. На тој меч на „Сан Сиро“ пред 34 години првиот гол за Милан го даде Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал.

Само со освоен Куп на Шпанија и Светско клупско првенство сезонава, а со голема бодовна разлика, загубена домашна лига и дебакл во полуфиналето на ЛШ, тешко дека Анчелоти ќе остане тренер и следната сезона, иако претседателот Флорентино Перес најави дека Анчелоти останува до крајот на договорот во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести