Реал Мадрид се откажува од Халанд и тргнува во офанзива по Кејн?

Реал Мадрид се откажува од трансферот на Ерлинг Халанд и тргнува во офанзива по многу пореален трансфер од тој на Норвежанецот. Сега на највисоката позиција на списокот со желби е Хари Кејн, за кого отворено се знае дека Тотенхем ќе го продаде налето.

Клубот од Лондон ќе го ослободи од обврските за 115 милиони евра, сума која Реал Мадрид е подготвен да ја плати. Познато е дека договорот на Тотенхем и Кејн завршува следното лето и клубот сака да заработи на него.

Сепак, проблем може да претставува тоа што Кејн не е расположен да го напушти Островот бидејќи атакува на рекордот на Алал Ширер за најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Легендарниот напаѓач има 260 погодоци, а на Кејн му се потребни уште 49 за да го стигне. Тоа значи дека Кејн ќе треба да одигра уште две сезони за да го помине.

- Оглас -

Најнови вести