Реал Мадрид се враќа на храмот на фудбалот – Сантијаго Бернабеу ќе биде во погон многу брзо

Реал Мадрид ќе се врати на храмот на фудбалот на „Сантијаго Бернабеу“ на 12. септември, во меч од четвртото коло во Ла Лига, а прв гостин на реновираниот стадион ќе биде Селта Виго.

Кралскиот клуб доби попуст од Ла Лига, да не биде домаќин во првите три кола, а требаше да игра на „Ванда Метрополитано“, па мечевите со Алавес, Леванте и Бетис ќе ги игра како гостин.

Потоа следи промоцијата на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ во мечот од четвртата рунда против Селта Виго.

За да се стаса навреме и теренот и трибините да бидат подготвени во ново руво се работи со забрзано темпо, во три смени по 8 часа, а работите ги извршуваат околу 800 работници.

Капацитетот на стадионот ќе остане 81 илјади места, но со потполно нов изглед. Комплетно стадионот ќе биде готов до крајот на 2022 година, или до почетокот на 2023, а „Сантијаго Бернабеу“ ќе изгледа прекрасно и со многу нови содржини.

Најавено е дека за првиот меч, против Селта се очекува да се продаваат 35 илјади билети, поради ограничен капацитет со мерките за Ковид-19.

Во ланската сезона Реал играше на својот помошен терен во Мадрид, на „Алфредо Ди Стефано“.

 

- Оглас -

Најнови вести