Реал Мадрид со само две реченици го испрати Азар во пензија (Фото)

Еден Азар денес и официјално објави дека ја завршува професионалната фудбалска кариера. Тој настапуваше за Лил и Челзи, пред да се пресели во Реал Мадрид каде ги мина последните четири сезони. За “кралскиот“ клуб одигра само 76 натпревари на кои постигна девет погодоци и запиша 12 асистенции. Малиот број на одиграни натпревар пред сѐ се должи на големиот број на повреди.

Неговиот последен клуб денес преку социјалните мрежи и официјално го испрати во пензија. Од Реал Мадрид напишаа:

– “Изразуваме голема благодарност и почит кон играчот кој во четирите сезони во нашиот клуб освои Лига на шампиони, клупско СП, евсопски и два шпански супер купа, два трофеи од Ла Лига и еден Куп на кралот. Реал на Еден и на неговото семејство им посакува се најдобро во иднина.“

- Оглас -

Најнови вести