Реал Мадрид утре ќе го претстави првото засилување во јануарскиот преоден рок

Како што беше најавено, нов играч на Реал Мадрид ќе биде Брахим Дијаз. Талентираниот шпански тинејџер утре ќе го потпише договорот, кој ќе го обврзе да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2025 година. Финансиските детали од договорот засега не се познати.

Младиот напаѓач имаше договор со Манчестер сити до крајот на сезоната и најави дека не сака да ја продолжи соработката со „граѓаните“. Токму затоа тој е и продаден и тоа за сума од 15 милиони фунти. Доколку останеше во Сити до крајот на сезоната, летоска ќе си одеше како слободен играч и Сити немаше да добие ниту една фунта.

Дијаз одигра вкупно четири меча за сениорскиот тим на Сити и даде два гола во Лига Купот. Тој е „дете“ на Малага, а уште на 14 години замина во Сити за сума од 350.000 евра. Сега, повторно се враќа во Шпанија, но во редовите на кралскиот клуб од Мадрид.

Официјалната промоција на Дијаз во дресот на Реал е закажана за во 13:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести