Реал Мадрид само за два месеца „се подмлади“ пет години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на двата меча против Бриж од Лигата на шампионите извади два многу различни состави, а се покажа дека овој вториот, подмладениот, извади подобар резултат отколку кога во почетната 11-ка беа ветераните.

Во Мадрид, на 1 октомври Бриж извлече нерешени 2-2, можеше и да победи, а на тој меч просечната возраст на домашните фудбалери беше 29,6 години. Пред два дена на гостувањето во Белгија тимот на Реал имаше просек од 24,9 години. Со овие бројки се двата рекорди на тимот, за најстар и најмлад состав сезонава.

Во средата Модриќ беше едиствениот стартер на возраст над 30 години, а шестмина беа помлади од 25 години.

И Барселона против Интер извади необично млад состав со петмина кои имаат 23 или помалку години, а просекот беше 25,7 години.

- Оглас -

Најнови вести