Реал му се смилува на Родригес, може во Атлетико за 40 милиони евра

Џејмс Родригес може да си замине од Реал Мадрид за сума од 40 милиони евра, а кралскиот клуб одлучи да не го блокира неговиот трансфер во редовите на лутиот градски ривал Атлетико, пренесе „Марка“.

Долго трае сагата со колумбискиот репрезентативец, кој беше на радарот и на Јувентус, Наполи и Атлетико Мадрид, но Реал бараше повеќе пари и не дозволуваше Џејмс да се пресели на „Ванда Метрполитано“.

Родригес не отпатува со соиграчите на Реал на американската турнеа, а сега ќе може да се пресели кај популарните „јорганџии“.

Интересно е што двете екипи си соработуваат, а во последно време дури тројца фудбалери на Реал се преселија во таборот на Атлетико, па Родригес би можел да им се приклучи на Алваро Мората, Маркос Љоренте и на Марио Хермосо, како четврти играч во последните 12 месеци што пристигнал од „Сантијаго Бернабеу“ на „Ванда Метрополитано“.

 

- Оглас -

Најнови вести