Реал не го пушта Белингам да игра против Македонија, Саутгејт повика тројца нови фудбалери

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, се соочува со големи проблеми околу составот пред дуелите против Малта и Македонија. Откако тројца фудбалери му се повредија, сега и Реал Мадрид притиска да биде ослободен од обврските Џуд Белингам, кој не играше на последните натпревари за Kралевите поради повреда на грбот.

Тие сакаат да го заштитат својот фудбалер од дополнително оптоварување и повреди, но и да добие време да закрепне и да може да биде комплетно подготвен за настап на следните натпревари на Реал Мадрид.

Од составот на Англија поради повреда отпаднаа: Медисон, Вилсон и Данк, додека дополнителен повик добија: Кол Палмер (Челзи), Рико Луис (Манчестер сити) и Езри Конса (Астон вила).

- Оглас -

Најнови вести