Реал не треба да се грижи што против Жирона не игра Модриќ?

Пет победи на пет меча, и сите триумфи беа примен гол. Ова е билансот на домашните натпревари на Реал Мадрид кога во почетниот состав е Даниел Себаљос, фудбалерот од средниот ред, кога денеска во невообичаениот термин од 12 часот треба да биде замената за Лука Модриќ, кој нема право на настап против Жирона поради суспензија.

Себаљос не бил стартер во Реал од 3 февруари кога „кралевите“ го победија Алавес со 3-0. Тој играше на 18 меча, има два гола, двата на гости, а има 100-отстотен учинок на „Сантијаго Бернабеу“. Не само што Реал победува кога Себаљос игра од почеток, туку и не прима гол. Гол-разликата на Реал во Мадрид, со Дани во составот е 10-0.

Можно е да има ротации кај Реал на некои позиции, но присуството на Себаљос, барем според досегашната традиција, е гаранција за успех на тимот кој ако победи, ќе се врати на второто место на табелата во шпанската Ла Лига.

Мечот во Мадрид предизвикува внимание и поради уште една работа, дали Серхио Рамос ќе добие жолт картон или не. Ако добие, нема да игра во следното коло против Леванте, но ќе може да настапи против Барселона. Ако денеска остане чист, на гостувањето кај Леванте ќе треба да ризикува и да игра „меко“ за да не му се случи да биде суспендиран за „Ел Класико“.

- Оглас -

Најнови вести