Реал нема да купи Шпанци, а полн е со Бразилци и франкофони

Од 2015 до зимата 2019 година, Реал Мадрид во секој преоден рок купуваше барем по еден шпански фудбалер, но сега клубот ја менува стратегијата и летово нема да ангажира ниту еден Шпанец. Затоа, пак, се наполнија со Бразилци, а има доста и играчи од Франција и Белгија, па во тимот ќе се зборува на шпански, француски и португалски.

Во претходните четири години, Реал купи девет Шпанци и за нив потроши 129 милиони евра. Но, летово немаат потенцијални шпански засилувања, туку купија пет странци. Во мадридскиот клуб има 13 Шпанци и веројатно мислат дека е доволно, што и не чуди ако се знае дека Барселона и Атлетико имаат само по седум домашни фудбалери.

Во актуелниот состав на Реал Мадрид, има пет Бразилци, бројка каква што немало од 2007 година, а има рекорден број на сонародници на тренерот Зинедин Зидан, со намера таа бројка да порасне ако го купат и Пол Погба. Покрај Лука Зидан, Менди, Варан, Бензема, Тео Ернандес и можеби Погба, од француско говорно подрачје се и Азар и Куртоа. Некои од овие нема да го носат дресот на Реал, но засега ситуацијата е таква.

- Оглас -

Најнови вести