Реал одигра мудро, Винисиус и Родриго ветуваат атрактивна Галактика (Видео)

Родриго Силва де Гоес одигра нов извонреден меч, а во Реал Мадрид мора да се задоволни што успеаја да го купат извoнредниот фудбалски талент на Сантос за сума од 45 милиони евра.

Родриго ноќеска постигна два гола во победата на младинците на Бразил против Венецуела, а прикажа врвни квалитети за 18-годишно момче.

Во Реал Мадрид веќе игра неговиот врсник Винисиус, кој пристигна од Фламенго, за речиси иста сума како и Родриго, кој сè уште игра за Сантос, но од новата сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Од јуни 2019 година кај најтрофејниот европски клуб ќе го гледаме бразилскиот тандем од 18-годишни фудбалски волшебници, што ветува нов атрактивен Реал Мадрид.

 

 

- Оглас -

Најнови вести