Реал осигури еден значаен потпис, следен е Бензема

Реал Мадрид вчера ја обнови соработката со Дани Карвахал, кој потпиша нов договор до јуни 2025 година. Искусниот десен бек ја потврди верноста кон матичниот клуб, со којшто има освоено 16 титули и брои речиси 300 настапи во белиот дрес, што значи дека ќе биде клучна фигура и крај новиот тренер Карло Анчелоти.

Сепак, во просториите на 13-кратниот европски првак се очекува уште позначаен потпис, а тоа е на Карим Бензема. Шпанските медиуми веќе извесно време најавуваат дека ќе дојде до обнова на договорот со француската ѕвезда, а дилемите околу тоа ќе се разрешат во наредните денови.

Бензема според новиот договор на „Сантијано Бернабеу“ ќе остане најмалку до јуни 2023 година со цел да се спречи негово заминување без отштета следното лето.

- Оглас -

Најнови вести