Реал остана без моторот и за дуелот против Вилјареал

Од таборот на Реал Мадрид потврдија дека Тони Крос е позитивен на корона-вирусот откако бил во директен контакт со заразено лице и е во самоизолација уште од петокот.

Крос не играше во вчерашната победа против Билбао, а сега нема да му биде на располагање на Зидан и за клучниот дуел против Вилјареал во последното коло од шпанското првенство.

Реал ќе мора без моторот во екипата да се обиде да ги освои бодовите и да се надева на кикс на Атлетико кој гостува кај Валјадолид, за да може да ја одбрани титулата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести