Реал полека ја комплетира одбраната, сега проблем им е средниот ред

Реал Мадрид мора само да победува до крајот на сезонава во шпанската лига ако сака да ја одбрани титулата, но по оние 0-0 во неделата против Хетафе, сега им следува уште едно незгодно гостување на кое ќе истрчаат некомплетни.

Добри вести за Зинедин Зидан се што се враќаат суспендираните Начо и Касемиро, како и Варан, кој се излечи од корона-вирус, на листата е ставен и Карвахал, кој не играл уште од февруари, па дефанзивниот дел ќе биде колку-толку во ред без да се користат младинци.

Но, проблемите на Реал ќе бидат во средниот ред. Крос е повреден, ќе го нема ни Валверде, кој имаше контакт со лице кое е позитивно на ковид-19, а има и повреда. Се најавува дека поштеда ќе добие и Модриќ, кој на денешниот тренинг добил силен удар во грбот и не можел да продолжи. Ветеранот Модриќ треба да добие и одмор, ќе им треба за битката со Челзи во полуфиналето на Лигата на шампионите за една недела.

На листата за мечот со Кадис ќе го нема ни Азар, кој уште не е 100 отсто подготвен. Потешки повреди имаат Лукас Васкес, Менди и Рамос.

- Оглас -

Најнови вести