Реал попушти, ќе плати 70 милиони евра за Јовиќ

Реал Мадрид попушти и ќе плати 70 милиони евра за Лука Јовиќ по долгите преговори и ценкањето со Ајнтрахт Франкфурт.

„Марка“ објави дека во текот на оваа недела Јовиќ ќе го потпише договорот со Кралскиот клуб, а сумата ќе биде за 20 милиони евра поголема од првичната понуда на Реал вредна 50 милиони евра. Од вкупниот трансфер тежок 70 милиони евра, Ајнтрахт ќе инкасира 49 милиони евра, а 21 ќе одат на сметката на Бенфика, претходниот клуб на Јовиќ, кој го позајми шпицот на Бундеслигашот, но има право на отштета.

Јовиќ, кој блескаше сезонава во дресот на популарните „орли“ од Франкфурт, уште претходно се согласи да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но трансферот висеше поради разликата во понудата на Реал Мадрид и барањето на Ајнтрахт Франкфурт.

Сега, според „Марка“, веќе нема пречки за едно од трите планирани засилувања на Реал Мадрид, заедно со Еден Азар и Ферланд Менди.

- Оглас -

Најнови вести